Сопственикот на „Стеауа“ осуден на условна казна затвор

Од:

Сопственикот на романскиот фудбалски клуб „Стеауа“ од Букурешт Џиџи Бекали е осуден на тригодишна условна затворска казна, бидејќи во 2009 година противзаконски држел во заробеништво тројца луѓе, јави Танјуг.

Според полицискиот извештај во јули 2009 година три лица се однесени во куќа во предградие на Букурешт, каде Бекали ги држел три часа бидејќи наводно му го украле автомобилот.

Бекали по судската пресуда најави дека можеби со семејството ќе се исели од Романија.

– Романија повеќе не е безбедно место. Не сакам да видам како плачат членови од семејството, изјави Бекали.

Тригодишната затворска казна за Бекали е изречена условно на период од осум години, во кои тој ќе треба секој месец да се јави во полиција.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“