Сопругот на данската кралица, нереализиран крал, од сега само „принц Хенрик‟

Од:

Хина – Загреб

Сопругот на данската кралица Маргарета одлучи во иднина да ја има титулата „принц Хенрик‟ наместо „принц придружник Хенрик‟, па така самиот на некој начин се деградираше, што ја зачуди јавноста и блиските до кралскиот двор, бидејќи долго време сакал повисока титула, незадоволен што не е крал туку само сопруг на кралицата.

Кралската куќа објави дека причината за промена е од формална природа, бидејќи неговата титула го одразува фактот дека принцот неодамна поради годините се повлече од многу церемонијални обврски.

„Тоа беше одлука на неговото височество, кој смета дека новата титула му одговара откако практично се повлече во пензија‟ – рече портпаролката на кралската династија Лене Балебу за весникот Екстра Бладет.

Данските таблоиди пишуваат дека потегот на 81-годишниот принц кој се родил како француски државјанин Хенри Марие Жан Андре де Лаборде де Монпезат, ги изненадил сите кои го познаваат неговиот темперамент и начинот на размислување, бидејќи тој отворено се до неодамна се жалел дека е дискриминиран и дека според титулата треба да биде крал, а не само кралски сопруг и нејзина придружба.

Уште кон крајот на минатата година принцот Хенкрик во разговор за парискиот весник „Ле Фигаро‟ рекол дека се чувствува дискриминиран бидејќи го нарекуваат „Ваше височество‟ и дека повеќе би сакал да може да ја носи титулата крал, а не само сопруг на кралицата.

„Секогаш сум сакал да бидам партнер на кралицата, но тоа не можам да бидам бидејќи не сум на исто ниво според титулата, зошто не би можеле да ме нарекуваат Ваше височество, мене тоа воопшто не ми е јасно‟, изјавил тогаш принцот Хенрик, додавајќи дека не сфаќа зошто мажите кога станува збор за сопругите во монархијата во Данска која е прва во борбата за човекови права, всушност се дискриминирани.

„Искрено кажано, јас не го разбирам, прво сакаше да биде крал, а сега всушност самиот се деградира. Освен ако можеби со тоа сакал симболично да покаже дека повеќе нема да учествува во церемонијалните должности‟ – рече за весникот Политикен истражувач на историјата на данската кралска куќа Јес Фабрициус Мулер.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ