Сопругата на Мохамед Морси денеска им се обрати на илјадниците негови приврзаници да истраат и покрај закани на Влада дека ќе ги расчистат протестите.
– Тој (Морси) ќе се врати, со божја волја, изјави Нагла Махмуд при првото појавување во јавноста од воениот удар на 3 јули, со кој беше соборен претседателот Морси.
Махмуд се обрати до насобраниот народ пред џамијата Рабах ал-Адавија во каирското предградие Наср Сити, истакнувајќи оти носи „добри вести“.
– Ќе победиме, истакна сопругата на Морси.
Египетските медиуми претходно објавија дека армијата на непозната локација ги држи Морси, неговата сопруга и едно од нивните деца.
На собирот присуствуваа и децата на Морси кои апелираа нивниот татко да биде ослободен.