Сообраќаен метеж и откажани летови поради снежна бура во Јапонија

Од:

Снежна бура во Северна и Централна Јапонија предизвика проблеми во сообраќајот и откажување авионски летови и возови.

Според локален весник, поради бурата, денеска се откажани 12 летови, десетици возови и 15 патнички бродови на островот Хокаидо. Стотина автомобили се блокирани на магистралата во областа Јамагата, а утрово имаше и верижна сообраќајка во која учествуваа повеќе од десет автомобили. Во сообраќајни несреќи поради замрзнати патишта на островот се повредени десетина лица.

Поради нискиот атмосферски притисок над Охотско Море, Јапонската метеоролошка агенција предупреди за опасност од високи бранови, виулици и лавини на островот Хокаидо и крајбрежните зони на Јапонско Море до крајот на утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови