Соња Ганди повторно на чело на индиската Конгресна партија

Од:

Снаата на познатата индиска премиерка Индира Ганди – Соња Ганди, повторно е на чело на најголемата индиска Конгресна партија додека не биде избрано ново раководство.

Информацијата беше објавена доцна синоќа, откако главното тело на партијата не успеало да именува нов партиски челник кој би доаѓал надвор од политичката династија Нехру-Ганди. Конгресот ја прифати оставката на нејзиниот син Рахул Ганди, кој во јули се повлече од претседателското место.

– Госпоѓата Соња Ганди привремено ќе го преземе претседавањето со партијата додека не биде изберан нов претседател на пленарна седница, подоцна оваа година, изјави синоќа портпаролот на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати