Соларниот авион полета од Јапонија кон Хаваи

Од:

Соларниот авион „Солар Импулс 2“ полета рано изутринава од Јапонија на петдневен лет над отворено море до Хаваи.

Авионот полета во 3:03 часот по локално време, по непланираната повеќемесечна пауза во Јапонија поради лошото време.

Летот до Хаваи е најдолг досега и е ризичен бидејќи постојат малку или воопшто и не постојат места за слетување во случај на вонредна ситуација.

Швајцарскиот пилот Андре Боршберг сам пилотира со соларниот авион.
Леталото полета од Абу Даби на 9 март, со повеќе од 17.000 полни соларни ќелии на своите крила.

Од Хаваите, авионот би требало да го продолжи летот до Феникс, а потоа преку САД и Атлантикот до Европа, по што ќе се врати во Абу Даби.

Проектот има за цел да го покаже потенцијалот на зголемување на енергетската ефикасност и чистата енергија, иако соларниот воздушен сообраќај се уште не е за комерцијална употреба.

Би можело да ве интересира

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио