Социјалдемократите во Романија бараат засолжително гласање за да спречат изборни измами

Од:

Група пратеници од владејачката Социјалдемократска партија и на Националниот сојуз за прогрес на Романија, предлагаат гласањето да биде задолжително за сите граѓани со право на глас со исклучок на оние над 80 години и лицата со хронични заболувања.

Неучество во гласање би се казнувало со 1000 леи (228 евра).

Потписниците на иницијативата предлагаат и на секое гласачко ливче да има и предлог – Ниту еден од кандидатите.

Според иницијаторите, доколку бројот на гласовите за тој предлог е 50 отсто плус еден, тогаш би требало да се организира нов круг од изборите.

Со тоа, според нив, се намалуваат шансите за изборни измами.

Во ЕУ има 4 држави каде гласањето е задолжително и каде неучеството се санкционира – Кипар, Грција, Луксембург и Белгија. И две држави во кои гласањето е задолжително, но не се казнува ако не се гласа – Италија и Португалија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година