Соботка: ЕУ не може да избега од миграциската криза и мора да ги реши причините

Од:

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка смета дека Европа не може да бега пред миграциската криза и според него поголемо внимание од кога било досега треба да се обрне на причините за предизвикување на кризата.

– Клучно за решавање на актуелната ситуација во ЕУ е свеста дека проблемот со миграција е проблем за цела Европа. Овој предизвик не можеме да го избегнеме и пред него не можеме да избегаме. Влогот кој го даваме е голем- ја ризикуваме целата шенгенска соработка и слободното движење на лица во рамките на ЕУ, кои се еден од темелите на европската интеграција , рече Соботка на денешната средба со десетина странски дипломати.

Чешкиот премиер додаде дека Европа не треба да се ограничи само на справување со влијанието од кризата и оцени дека најважно е да се запре воениот конфликт во Сирија и Либија, како и да се подобрат условите за живот во земјите од каде доаѓаат бегалците.

– Бидејќи дури тогаш, која во земјата на потекло на миграцијата ќе бидат заштитени животите и имотот на граѓаните, нудејќи им можноста за пристоен живот, дури тогаш ќе престанат мигрантите да го ризикуваат својот живот во пустините или на морињата, вели Соботка.

Тој се осврна и на тоа дека Чешка е против тоа еврозоната да се одделува од остатокот на ЕУ и ја истакна улогата на евроатлантските структури во гарантирањето на безбедноста.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он