Соборени се 53 украински дронови, повредени се три лица

Од:

Три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во ракетен напад во рускиот регион Белгород, изјави утрово регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

„Селото Мошченое во округот Грајворонски беше погодено од ракетен оган од украинските вооружени сили. Двајца возрасни и едно дете беа повредени кога проектил погоди приватна куќа“, напиша Гладков на Телеграм, објави Интерфакс.

Една приватна куќа беше делумно уништена во нападот, додаде рускиот гувернер.

Руските системи за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 53 украински беспилотни летала над руските региони во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана, објави Танјуг.

Како што е наведено, системите за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 28 беспилотни летала над регионот Белгород, 11 над регионот Воронеж, шест над регионот Ростов, по два над регионите Брјанск и Курск и по еден беспилотен авион над регионите Липецк, Тамбов, Смоленск и Нижни Новгород.

Би можело да ве интересира

Кој е Украинецот уапсен во Пула поради сомнеж дека е поврзан со саботажата на Северен тек?

Кулеба: Америка веќе нема желба да ја спонзорира Украина

Москва обвинува: Зеленски создава „пантеон“ на украински националисти и соработници

Нов напад врз Запорожје: Загина маж, неколкумина се повредени

Украина ја пречекува есента со недоволни резерви на гас

Пристигна руската одмазда – масакр во Харковската област