Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го покриа автопатот, предизвикувајќи сообраќаен метеж и линии возила кои се протегаа со километри.
Полицијата не можела да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани автопатиштата, пренесува неделникот „Билд“.
Во сојузната држава Тирингија, покрај снег, на коловозот имаше и мраз, поради што голем број автопревозници ги одложија патувањата, а се известува дека состојбата може да се подобри во утринските часови.
Германската метеоролошка служба (ДВД) очекува повеќе снег и предупредува дека возачите од регионите Ајфел и Келн преку планините Ротар до Тирингија мора да се подготват за „постојани, а понекогаш и обилни снежни врнежи“. Во соседна Франција, особено во северните предели, останува на сила портокаловата метеоролошка тревога, а властите апелираат до возачите да не излегуваат на пат.