Снегот го блокира североисточниот дел на САД

Од:

Поради невремето и очекуваната снежна покривка од 60 до 90 сантиметри, забрането е патување во неколку густо населени североисточни држави во САД, вклучувајќи ја и метрополата Њујорк.

До синоќа во Њујорк наврнале 10 сантиметри снег, кој продолжи да паѓа. Повеќето училишта во градот вчера одржуваа настава, но денеска ќе бидат затворени. Неколку компании, исто така, им дале одмор на своите вработени. Поради снежната бура затворени се и театрите на Бродвеј, а 27 претстави се откажани.

Во Пенсилванија вчера е измерена снежна покривка од 20 сантиметри. Метеоролозите предупредуваат дека невремето ќе го зафати и Бостон.

Вонредна ситуација е прогласена во Њу Џерси, Конектикат, Масачусетс и делови на државата Њујорк.

Воведени се и ограничувања за движење на метроата во Њујорк, Џерси Сити и Бостон.

„Делта ерлајнс“ вчера откажа околу 730 летови, а „Јунајтед ерлајнс“ соопшти дека ги откажува сите денешни летови од аеродромите во Њу Џерси, Њујорк, Бостон и Филаделфија. Слични мерки за денеска најавија и „Американ ерлајнс“, „Ју Ес ервејз“ и други авиокомпании.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина