Снег во Чиле, една жртва и прекин на струјата во Сантијаго

Од:

Едно лице загина, две се повредени, а десетици илјади луѓе останаа без струја и греење, откако во престолнината на Чиле, Сантијаго, падна снег, што е мошне ретка појава.

Еден работник загинал додека се обидувал да го исчисти мразот, а уште две лица се повредени, кога ги удрила стрија, откако паднала жица, соопштија градските власти.

Канцеларијата за итни случаи соопшти дека околу 250 илјади луѓе останале без струја во Сантијаго во најсилната снежна бура од 2007 година, а температурите паднале под нулата.

Метеролошкиот завод на Чиле соопшти дека се очекуваат помали врнежи од снег.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Грбав кит голтна па плукна кајакар на брегот на Чиле

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле