Снајперисти го чуваат Путин во Хановер

Од:

Доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин во Хановер, каде што со канцеларката Ангела Меркел ќе го отворат Саемот за технологија е пратен со силни безбедносни мерки.

Маритим Гранд Хотел, каде што рускиот претседател ќе преноќи се наоѓа под опсада на руски и германски безбедносни служби, а на околните згради се наоѓаат снајперисти.

Според полициските наводи во градот на кратко ќе бидат затворени и улиците, но не се очекува тоа да предизвика проблем во сообраќајот.

Путин вечерва со Меркел ќе го отвори саемот, на кој Русија е партнер, а во Германија ќе се задржи до утре.

Непосредно пред доаѓањето на Путин, германскиот вицеканцелар Филип Реслер ја критикуваше Москва поради контролите во германските фондации и невладини организации во Русија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски