Смртоносни габи во лековите, причина за ширење на менингитот

Од:

Габите пронајдени во заразните стероидни инекции, се совпаѓаат со габите, кои се причинители на менингитот, од кои животот го загубија 20 луѓе во САД, соопштија американските здравствени власти.

Совпаѓањето ја потврдува врската меѓу ширењето на болеста и компанијата производител на стеродите „Њу Ингланд Компаундинг Сентер“.

Досега во 15 американски држави се регистрирани 247 случаи на тоа заболување. Американски медиуми јавуваат дека е можно околу 14.000 луѓе во 23 држави да се заразени со медикаменти на компанијата „Њу Ингланд Компаундинг Сентер“ во Масачусетс. Сите нејзини продукти се повлечени од употреба и нивната продажба е запрена.

Најтешко е погодена државата Тенеси, каде од септември кога се појави проблемот, починаа осум луѓе. Заразните лекови се користеле за намалување на болки во грбот.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски