Пакистанскиот антитерористички суд денеска осуди шест мажи на смрт поради линчување државјанин на Шри Ланка, кој лани во декември прво бил претепан до смрт од толпа луѓе, а потоа запален.
Уште седум Пакистанци денеска се осудени на доживотен затвор поради смртта на Пријанте Кумара Пријанте Диаваданага, кој бил менаџер во една пакистанска фабрика, пренесува Дејли Пакистан.
Најмалку 76 лица се осудени на по две години затвор, а едно лице е ослободено од обвиенението. Меѓу обвинетите има и девет малолетници.
Убиениот бил менаџер на фабриката во Сиалкот, во Пенџаб, каде на 3 декември бил нападнат од толпа луѓе.
Преку социјалните медиуми потоа светот го потресоа ужасните видео снимки од линчувањето на менаџерот на фабриката. Инцидентот бил предизвикан од богохулење што менаџерот наводно го направил со тоа што од ѕид тргнал плакат со зборови од Куранот.
Извор: МИА