Суд во Индија осуди маж на смрт затоа што ја запали жива својата сопруга поради бојата на нејзината кожа.
Пред да умре, Лакшми рече дека нејзиниот сопруг Кишандас „постојано ѝ се потсмевал поради нејзината темна кожа“.
Окружниот судија Рахул Чудари во градот Удаипур ја објасни смртната казна велејќи дека убиството е „многу ретко“ и „злосторство против човештвото“.
Адвокатот на Кишандас изјави за Би-Би-Си дека неговиот клиент е невин и ќе поднесе жалба на пресудата.
Убиството, кое се случи пред осум години, и пресудата изречена минатиот викенд, ги освоија насловните страници.
Лакшми е убиена ноќта на 24 јуни 2017 година, според судските документи.
Во пресудата се наведуваат изјавите што таа ги дала пред нејзината смрт пред полицијата, лекарите и извршниот судија.
Лакшми рекла дека нејзиниот сопруг често ја нарекувал „кали“ или темна кожа и ѝ се потсмевал за време на нивната свадба во 2016 година.
Ноќта кога Лакшами е убиена, Кишандас донел пластично шише со кафеава течност и рекол дека тоа е лек што ќе ја осветли нејзината кожа.
Тој ја нанел течноста на нејзиното тело и кога таа се пожалила дека мириса на киселина, ја запалил со стапче за темјан.
Кога телото почнало да гори, тој го истурил остатокот од течноста врз неа и избегал.
Родителите и сестрата на Кишандас ја однеле во болница, но таа не можела да биде спасена.
„Не е претерување да се каже дека ова брутално злосторство не било само против Лакшми, туку е злосторство против човештвото“, рече судијата.
Кишанас покажал „дополнителна суровост со тоа што ја полеал со остатокот од течноста додека горела“.
„Тоа е шокантен злостор што не може ни да се замисли во здраво и цивилизирано општество“, напишал судијата во пресудата.
Јавниот обвинител Динеш Паливал ја опиша пресудата како „историска“.
„Се надевам дека ќе послужи како лекција за другите во општеството“, додаде тој.
„Млада жена во нејзините рани дваесетти години беше брутално убиена. Таа беше нечија сестра, нечија ќерка, имаше луѓе кои ја сакаа. Ако ние не ги спасиме нашите ќерки, кој ќе го стори тоа?“, рече тој.