Сменети саудиските министри за надворешни работи и за транспорт

Од:

Саудискиот министер за надворешни работи Ибрахим Ал Ашаф и министерот за транспорт Набил бин Мохамед Ал Амуди се сменети со кралска одлука.

Саудиската новинска агенција СПА објави дека на должноста министер за надворешни работи е именуван Фаисал бин Ферхан бин Абдулах Ал Сауд, а за нов министер за транспорт Салих бин Насир Ал-Јашир.

Фаисал бин Ферхан од февруари годинава беше амбасадор во Берлин, претходно ја извршуваше функцијата главен советник во саудиската амбасада во Вашингтон, а беше и советник во Канцеларијата на престолонаследникот до именувањето за советник во Министерството за надворешни работи.

Ал-Јашир ја извршуваше функцијата генерален директор на саудиската авиокомпанија „Саудија“.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија