Службениците на ЕУ не го сакаат Брисел во кој живеат изолирано и по истекот на мандатот сакаат да се вратат во своите земји.
Истражувањето на околу 100.000 вработени во институциите на ЕУ и нивното опкружување покажало дека речиси шест отсто планираат да останат засекогаш во Брисел, пишува виенскиот весник „Пресе“.
Од друга страна 80 отсто рекле дека ги нервира што Брисел е „премногу валкан град“, а половина се чувствуваат небезбедно поради високата стапка на криминал.
Исто така 74 отсто службеници би сакале од бриселските власти да го уредат квартот во кој се наоѓаат институциите на ЕУ.
Во просек службениците на ЕУ не поминуваат повеќе од десет години во Брисел.