Случајот со Асанж, може да заврши и во Хаг

Од:

Министерот за надворешни работи на Еквадор, Рикардо Патин, рече дека случајот со Џулијан Асанж, би можел да добие епилог во Меѓународниот суд за правда во Хаг.

Според неговите зборови Еквадор ја разгледува можноста пред Меѓународниот суд да го изнесе случајот на Асанж, кој од јуни 2012 година се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон.

-Ние сериозно размислуваме што треба да направиме во наредните месеци за да ги насочиме другите институции, бидејќи работевме на зајакнување на дипломатијата, предлагајќи решенија, но без успех. „Апсолутно е неприфатливо“ тоа што Асанж повеќе од една година се крие во амбасадата на Еквадор – изјави тој.

Според неговите зборови, Велика Британија покажа слаб интерес за пронаоѓање правно, политичко и дипломатско решение.

Четириесет и едногодишниот Асанж од 19-ти јуни 2012 година се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што се сокри за да го избегне испорачувањето во Шведска, каде што е обвинет за сексуално насилство, кое што тој го негира.

Асанж стравува дека ќе им биде испорачан на САД, поради објавување на тајни документи на американските дипломатски служби.

Лондон до сега одбиваше да му дозволи безбедно да ја напушти амбасадата за да може да отпатува во Еквадор, каде што доби азил.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска