Во средата наутро вистинска драма се одвивала на брегот на реката во германскиот град Либек, кога во последен момент од реката биле спасени бебе и баба.
Жената во средата наутро во близина на брегот на река туркала количка во која бил нејзиниот внук кога се случил инцидентот.
На количката на поводник било врзано кучето на жената. Во еден момент кучето се ослободило и почнало да ја влече количката кон водата, која поминала преку насипот и паднала во водата.
Бабата веднаш скокнала во водата и успеала да го извади внукот од количката пред таа да заврши под вода, пишува Билд.
Случаен минувач ја видел драмата и веднаш повикал помош. После тоа истрчал кај бабата и внукот и им помогнал да излезат од водата.
Полицијата и противпожарната единица биле во близина и брзо пристигнале на местото на инцидентот.
Бабата и нејзиниот внук се спасени. Едногодишното момче превентивно било пренесено во болница.