Словачка: Сакал да украде милијарда евра

Од:

Полицијата на Словачка го приведе германски државјанин кој се обидел да украде рекордна сума од една милијарда евра од банка во Братислава.

Претставничка на полицијата Андреа Добиасова изјави дека тоа би била најголема кражба во Словачка во последните десет години, пренесуваат словачките медиуми.

Германецот се претставил како претставник на две компании регистрирани во Словачка и побарал од службениците на банката да префрлат една милијарда евра на негова сметка.

Им дал фалсификуван налог за префрлање на пари (SWIFT) и фалсификувано писмо од Централната банка на Словачка (NBS), во кое пишувало дека банката треба да изврши трансфер на парите кои наводно му се испратени од една странска банка.

Постои можност Германецот да добие казна затвор од 15 години.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он

Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

А1он