Словачка лекарка болна од неизлечива болест бара воведување на евтаназија

Од:

Јана Матавова, лекар по професија од Прешов, Источна Словачка, која боледува од мултиплекс склероза упати јавен апел до политичарите да дозволат евтаназија во земјата, постапка при која со помош на лекови се предизвикува безболна смрт на лица болни од неизлечива болест.

Матавова која боледува од 1997 година, вели дека е свесна за сериозноста на нејзината болест и дека и покрај лекувањето состојбата постојано и се влошува.

– Според мое мислење, човек кој чувствува дека ставот во кој се наоѓа е недостоен, би требало да има право да одлучи дали сака да постои или не. Современата медицина веќе ништо не ми нуди, вели Матавова, која смета дека доколку се востановат стриктни критериуми нема да може т.н ,,смрт од милост” да се злоупотребува.

Мултиплекс склерозата е болест на имунолошкиот систем, која влијае на централниот нервен систем и го напаѓа мозокот и ‘рбетниот мозок.

– Во некои развиени европски земји, евтаназијата е дозволена. Тоа се оние земји кои имаат почит кон човекот и неговото мислење, додаде Матавова, која смета дека ја изгубила битката со болеста и поради влошувањето на здравствената состојба не сака повеќе да живее.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он