Словачка испрати нова пратка хуманитарна помош во Појасот Газа

Од:

Словачка испрати нова пратка хуманитарна помош во Појасот Газа, чија вкупна вредност надминува 27.000 евра, изјави портпаролот на словачкото МВР, Матеј Најман и прецизираше дека примател е Меѓународната организација за миграција во Газа.

„Хуманитарната помош главно се состои од основни хигиенски средства: санитарни пакети, влошки, тоалетна хартија, контејнери за вода за пиење и ќебиња“, објасни портпаролот, пренесе агенцијата ТАСР.

Според Најман, пратката се состои од помош од резервите на МВР и донација од компанијата ШП Харманец, непрофитната организација Man in Peril и граѓанското здружение АДРА – Адвентистичка агенција за развој и хуманитарна помош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад

Хамас го прифати предлогот за продолжување на преговорите за прекин на огнот

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април