Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Од:

Училиштата и судовите ширум Словачка денеска добија извештаи за поставени бомби и мини, објавија словачките власти.

Училиштата добиле заканувачки мејл во кој се наведува дека во нивните простории биле поставени нагазни мини, пренесува ТАСР.

Закани за бомби се испратени до судовите низ земјата, изјави денеска за словачката агенција портпаролката на регионалната полиција во Нитра, Јана Шинкова.

Заканите биле упатени со јавување на итниот број 112, а полицијата веднаш започнала истрага.

На загрозените локации се распоредени патроли, експерти за експлозиви и кучиња трагачи.

Полицијата на Фејсбук соопшти дека ги презема сите неопходни мерки, додавајќи дека е во близок контакт со други безбедносни сили и странски партнери, меѓу кои и чешката полиција.

-Нашата заедничка цел е пред се безбедноста на децата во училиштата, но и најмало можно нарушување на наставниот тек. Затоа имаме индивидуален пристап кон безбедносните мерки во секое училиште, се наведува во соопштението.

Во расветлувањето на овој случај, кој се третира како терористички напад, вклучена е и полициската служба за борба против организираниот криминал.

Околу 270 основни училишта низ Словачка вчера добија дојава за бомба.

Полицијата не пронашла експлозив во училишните простории, па учениците по проверка можеле да се вратат во училниците.

Би можело да ве интересира

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он

Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

А1он