„Слеп патник“ е пронајден утрово во критична состојба во багажниот простор на авионот на „Ер Алжир“ на аеродромот Орли во Париз.
Животот на лицето е во опасност и е пренесено во блиската болница.
Авионот полета од западниот алжирски град Оран, кој е на два и пол часа лет до Париз.
Во багажниот простор на авионот температурите се движат меѓу минус 50 и минус 60 Целзиусови степени, а нема ни доволно кислород.