Следниот самит на НАТО во декември во Лондон

Од:

Лидерите на 29-те земји членки на НАТО ќе се состанат во Лондон во декември на специјален самит за одбележување на 70-годишнината на Алијансата, соопшти генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Тој истакна дека главниот град на Британија е „идеално место за одбележување на годишнината од трансатлантската воена соработка, како дом на првото седиште на НАТО во 1949 година“.

Средба за одбележување на годишнината требаше да има во Вашингтон, каде што е потпишан договорот за создавање на НАТО, но, како што јавија некои светски агенции, „поради опасност од ново трансатлантско недоразбирање“, министрите за надворешни работи ќе се состанат во главниот град на САД во април.

Годишнината доаѓа во деликатен момент за НАТО, особено поради неодамнешните шпекулации дека Трамп ќе ги повлече САД од Алијансата. Пред да стане претседател, тој ја нарече Алијансата „остарена“, а потоа го доведе во прашање основниот принцип на взаемна одбрана во врска со најновата членка – Црна Гора, потсетуваат медиумите.

Би можело да ве интересира

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети