Следбеник на Кју-Енон осуден на пет години затвор за неговата улога во нападот на американскиот Капитол

Од:

Следбеникот на теоријата на заговор на кју-енон Даглас Џенсен, градежен работник од Ајова, осуден е на пет години затвор за неговата улога во нападот на толпата врз американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари, 2021 година.

Толпата предводена од Џенсен го бркала полицаецот кој се обидувал да ги одбрани конгресмените.

Сликата на Џенсен со раширени раце, облечен во маица со симболи QAnon, стана една од најпрепознатливите фотографии од упадот на 6 јануари, кој настана како резултат на тврдењата на тогашниот претседател Доналд Трамп дека изборите биле наместени.

При изрекувањето на казната, судијата Тимоти Кели рече дека не е сигурен дали Џенсен ја разбира сериозноста на насилниот напад во кој тој одиграл „голема улога“.

– Тој (нападот) ја прекрши дотогаш непрекинатата традиција на мирен трансфер на власта (во САД). Не можеме да го вратиме тоа назад, рече Кели, додавајќи дека би сакал да може да каже дека има докази дека Џенсен сфатил дека тоа не може да се повтори.

Џенсен е осуден по седум точки од обвинението, вклучително и спречување на Конгресот официјално да ги потврди резултатите од изборните гласови по држави по претседателските избори на кои Трамп загуби од Џо Бајден. Тој беше осуден и за напад или попречување на полициски службеници.

Покрај петте години затвор, казната вклучува три години надзор над Џенсен по ослободувањето и парична казна од 2.000 долари.

Во кратката изјава пред судијата, Џенсен рече дека сака да се врати на „животот на семеен човек и нормалниот живот“ што го водел пред „да се вклучи во политиката“.

Џенсен го прескокна заштитниот ѕид и влезе во зградата преку скршен прозорец за да може да биде еден од првите луѓе што упаднаа во Капитол, истакна судијата.

Осудениот ја предводеше групата која го бркаше по скалите полицаецот Јуџин Гудман, а подоцна повторно влезе во зградата и се пресмета со полицијата“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Водачот на нападот на Капитол Хил во 2021 година беше осуден на повеќе од седум години затвор

Бигс е осуден на 17 години затвор поради раководење на нападот на американскиот Капитол

Горан Наумовски

Се бара казна од 25 затвор за водачот на групата која учествуваше во нападот на Капитол

Американската полиција во состојба на готовност поради евентуални напади пред втората годишнина од упадот во Капитол

А1он

САД: Комисијата што го истражува нападот на Капитол го обвини Трамп за заговор

Ана Ололовска

Уапсено лице во близина на Капитол во чие возило било откриено оружје

А1он