Слабата излезност ја спречи смената на градоначалничката на Варшава

Од:

Обидот за смена на градоначалничката на Варшава, Хана Гронкјевич-Валц не успеа заради недоволната излезност на референдумот, јавија денеска агенциите.

Место потребните 29 отсто, на вчерашниот референдум излегоа само 25,7 отсто од запишаните избирачи, го пренесоа медиумите соопштението на изборната комисија.

Референдумот се организираше на иницијатива на опозициската националистичка партија Право и правда и други опозициски организации, кои го собраа потребниот број потписи за негово распишување, а според извештаите на медиумите повеќе од 90 отсто од излезените избирачи гласале за смена.

Незадоволни од нејзината работа тие ја обвинуваат за скапите билети за јавниот превоз, недостигот од социјално-стамбен простор, проблеми со изградбата на вториот крак од метрото, како и за хаос при преминот на одвоено одлагање на сметот и спогодбата за неговото превезување, пренесе Итар-Тасс.

Гронкјевич-Валц ќе остане на функцијата најрано до планираното оддржување на редовните локални избори, следната есен, на кои веќе најави учество.

-Овој референдум многу ми помогна, рече градоначалничката, додавајќи и дека ова беше можност за оценка на работата во изминатите седум години. „Сфатив дека граѓаните на Варшава очекуваат не само големи инвестиции во инфраструктурата, туку и дијалог“, рече таа во посебното обраќање до избирачите.

Гронкјевич-Валц е членка на владеачката Граѓанска платформа, а ја нарекуваат и десна рака на премиерот Доналд Туск во партијата.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците