Скотланд Јард уапси уште шестмина новинари за аферата со прислушување

Од:

Британската полиција во Лондон и во областа Чешајар, во близината на британскиот главен град, денеска уапси шестмина  новинари на згаснатиот неделник „Њуз оф д Ворлд“, под сомнеж дека прислушувале мобилни телефони со цел да дојдат до ексклузивни вести.

Скотланд Јард соопшти дека станува збир за тројца мажи и три жени, но не го соопшти нивниот идентитет, освен дека сите се на возраст меѓу 39 и 40 години.

Во полициското соопштение се посочува дека нивните случаи се дополнителни утврдени во истрагата што почна во јули 2011 година, по ескалацијата на аферата со ловењето на говорната пошта од мобилните телефони. Сите прислушувања се извршени во периодот меѓу 2005 и 2006 година.

Најтиражниот британски неделник „Њјуз оф д Ворлд“ беше затворен во јули 2011 година, со одлука на компанијата „Њуз Интернешенел“, која го издаваше. Весникот и оваа британска новинска компанија се дел од глобалната медиумска империја на Руперт Мардок.

Во полициската истрага за прислушувањето, досега се уапсени 32 новинари, што е далеку најголемиот број на уапсени во Европа. За 15 од нив полицијата имаше докази за да бидат и формално обвинети.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот