Скотланд Јард: Само четворица во затвор по убиството на британски војник

Од:

Скотланд Јард соопшти синоќа дека во затвор се наоѓаат само четворица уапсени,по серијата рации и апсења,по убиството на британскиот војник Ли Ригби.

Од средата претпладне,кога на улица во лондонскиот кварт Вулич беше убиен војникот, полицијата и припадниците на единицата за антитероризам на Скотланд јард, уапсија вкупно десет луге,осомничени дека се дел од заговорот во кој брутално беше ликвидиран Ригби.

Десетото апсење беше извршено вчера доцна попладне кога во источен Лондон беше уапсен еден 50 годишен маж.Полицијата изврши детален претрес на неговиот стан,но не се дадени никакви други детали.

Уапсениот е задржан во притвор,каде и понатамусе наоѓаат двајцата убијци на војникот,британските муслимани од нигериско потекло, Мајкл Адеболаџо и Мајкл Адебовале.

Во затвор останува и уште едно друго лице,кое е уапсено во саботата,во рамките на рацијата во реонот на Гринич.

Другите шестмина уапсени во изминатите неколку денови,се пуштени од затвор. Четворица од нив се пуштени со кауција и тие ќе треба одново да се јават на сослушување во текот на јуни,а двајца други се ослободени без било какво обвинување.

Адеболаџо и Адебовеле се уште се наоѓаат во затворската болница,по повредите при престрелката со полициските сили,кога се обидуваа да побегнат по убиството на војникот.

Полицијата потврди дека тие се уште не се сослушувани,затоа што се чека да закрепнат по повредите, па единствено што се знае за нив е она што тие самите го изјавија во камерите од мобилните телфони на минувачите кои се затекнаа за време на нападот.

Двајцата убијци го оправдуваат злосторството со политички причини,како „одмазада за муслиманите кои британската војска ги убива секој ден“.

Британски експерти за тероризам не веруваат дека тие двајцата се сами во нападот и бруталното убиство и сметаат дека зад убиството на војникот Ригби се крие „испланиран заговор“ и поголема „терористичка мрежа“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот