Скотланд јард: Инцидентот во Лондон можно е да е поврзан со тероризам

Од:

Лондонската полиција доцна попладнево соопшти дека „остава отворена претпоставка“ дека денешниот инцидент во кој автомобил удри во група луѓе на тротоарот пред Природонаучниот музеј во Лондон, при што беа повредни неколку лица, би „можел да биде поврзан со тероризам“.

– Припадници на антитерористичката единица го истражуваат инцидентот, но досега не дојдоа до заклучоци за околностите во кои тој се случил, сооопшти Скотланд јард.

Претходно, набрзо по инцидентот, лондонската полиција соопшти дека случајот „не го терира како чин поврзан со тероризам“.

Полицијата првично соопшти дека станува збор за „судар“ пред Музјеот, што се наоѓа во Јужен Кенсингтон во центарот на Лондон, за кој била известена во 14.21 часот по локално време (15.21 по средноевропско време).

– Се верува дека се повредени одреден број пешаци. Во тек е истрага за утврдување на околностите и причините за инцидентот, соопшти тогаш полицијата, додавајќи дека возачот на автомобилот е приведен.

Телевизјата Скај прикажа аматерска снимка на која се гледа како група полицајци држат легнат на земја црномурест маж, покрај црн автомобил марка „Тојота“.

Според телевизјата, станува збор за возачот, кој со „Тојотата“ преминал на тротоарот и откако удрил во неколку лица, застанал пред зградата на музејот. Телевизијата оцени дека „станува збор за обичен инцидент“.

Полицаец присутен на местото во време на инцидентот за Би-Би-Си изјави дека верува оти пешаците минале со „минорни“ повреди.

Британскиот јавен сервис информира дека веднаш по инцидентот пред Музејот пристигнале поголем број полициски и амбулантни возила и вооружени полицајци, а реонот го надлетувал и хеликотер.

Претставник на Музјеот соопшти дека објектот е затворен и никому не му е дозволено да влезе во него, додека лицата што се затекнале во зградата ја напуштиле преку споредните излези.

Природонаучниот музеј е една од најпопуларните туристички атракции во Лондон.

Би можело да ве интересира

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети