Скотланд јард ги ослободи осомничените помагачи во убиството на војникот Ригби

Од:

Сите лица кои беа уапсени под сомнение дека се помагачи во заговорот за убиство на британскиот војник Ли Ригби, се ослободени од притвор со кауција и тие ќе мора повторно да се јават на сослушување, соопшти денеска Скотланд јард.

Ослободени се тројцата мажи на возраст меѓу 21, 24 и 28 години. Во саботата беа ослободени и деветте жени и еден 29 годишен маж кои први беа уапсени веднаш по убиството на војникот. Против никого досега полицијата нема подигнато официјално обвинување.

Во затвор останаа само двајцата убијци на Ригби, Британците од нигериско потекло, Мајкл Адеболаџо (28) и Мајкл Адебовале (22). Обајцата се од источните делови на Лондон и тие се уште се во затворската болница, под строга полициска заштита, откако беа ранети кога се обидоа, пукајќи по силите за безбедност, да избегаат од местото каде војникот беше брутално убиен.

Британскиот Форин Офис потврди дека првообвинетиот Адеболаџо, во 2010 година, бил уапсен и сослушуван во Кенија.

Тамошните власти веруваат дека Адеболаџо се обидувал да се префрли во Сомалија, за да им се приклучи на терористите од исламистичката милитантна група Ал Шабаб, но дека поради недостиг на докази, кениската полиција го пуштила од притвор.

Војникот Ли Ригби (25) беше убиен-заклан со месарски нож и сатара, на една улица во лондонскиот кварт Вулич, во близината на касарната на кралскиот артилериски полк.

Двајцата убијци, на снимените изјави што ги направија случајните минувачи, со своите мобилни телефони, нападот и бруталното убиство го прикажаа како „политички чин“ и одмазда затоа што британските војници „секојдневно убиваат муслимани“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот