Високото московско општество го потресе скандал откако истакнати следбеници на Путин беа снимени како го навредуваат рускиот лидер, објавија медиумите.
Олигархот и поранешен руски сенатор Фархад Ахмедов и истакнатиот московски музички продуцент Џозеф Пригожин, обајцата поддржувачи на Путин, се обвинети дека го нарекле рускиот претседател Сатана и џуџе, пишува Дејли мејл.
Аудио снимка од наводен 15-минутен телефонски разговор меѓу двајца богати Руси беше емитувана на украинскиот Канал 5 и брзо се прошири на други медиуми, вклучително и Руската служба за безбедност (ФСБ).
На видеото, може да се слушне дуото како разговара за нападот на Путин на Украина, па дури и се потсмеваат на висината на Путин.