Скандал во Полска: Лех Качински се најде на билборди за „осамени срца“

Од:

Скандинавска интернет-страница за „осамени срца“ денеска се извини бидејќи по грешка користела фотографија на починатиот претседател на Полска, Лех Качински на билборди во Варшава, со кои се повикуваат луѓето да внесат повеќе романтика во врските.


Шефот на Сајтот „Викторија Милан“, Сигурд Ведал изјави дека кампањата требало да биде шеговита, а на фотографијата требало да биде поранешниот премиер, братот близнак на Лех Качински, Јарослав.


Јарослав Качински не е оженет и сака мачки и слики од мачки.


Билбордите поставени во понеделникот, предизвикаа серија негативни реакции, бидејќи наместо фотографијата на Јарослав, на билбордите се најде неговиот близнак, Лех, кој загина во авионска несреќа во Русија во 2010 година.


– Близнаците се многу слични, изјави Ведал, објаснувајќи ја грешката.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците