Неколку стотици жени од Аргентина поднесоа тужби до три европкси комапнии поради неисправни импланти. Тие бараат оштета од 54 милиони евра.
Според нивниот адвокат, кај дури 19 проценти од жените биле вметнати неисправни силикони – кај кој гелот истекол кон пазувите, вратот и главата.
Се верува дека дури 15 илјади жени во Аргентина ги користеле услугите на овие три фирми .
По скандалот што изби во 2011, кога се откри дека француска фирма користела индустриски силикон, повеќе до 16 илјади жени одлучија да ги извадат.