Скандал ја тресе Кралската морнарица: Во тоалет во паб пронајдени доверливи документи за британска подморница

Од:

Британската кралска морнарица соопшти дека истражува како документите означени како „чувствителни“ биле пронајдени во тоалетот на пабот Ветерспунс.

Документите наводно содржат детали за ХМС Ансон – една од најнапредните подморници на британската морнарица.

Досиејата биле оставени во пабот Furnes Railway во Бароу-ин-Фернс и неименуван извор рекол дека биле пронајдени на подот од тоалетот.

Документите ги прикажуваат механизмите за работа на подморницата, а членовите на екипажот ги користат за да научат, на пример, како да го намалат притисокот во делови од нејзиниот систем.

Британската морнарица навела дека се работи за општ документ кој не содржи доверливи информации.

Извор од морнарицата рече дека документите содржеле само поедноставен преглед на системот, но без објаснување за неговата работа.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски