Ситуацијата во Газа станува се побезнадежна од час во час, мора да има прекин – драматичен апел на Гутереш

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека ситуацијата во Појасот Газа, управуван од Хамас, брзо се влошува и ги повтори очајните повици за прекин на огнот за да се стави крај на „кошмарот“ и крвопролевањето и за безусловно ослободување на сите заложници што ги држи Хамас.

„Ситуацијата во Газа станува се побезнадежна од час во час. Жалам што наместо итно потребната хуманитарна пауза, поддржана од меѓународната заедница, Израел ги засили своите воени операции“, рече Гутереш за време на посетата на Непал. Бројот на убиени или ранети цивили, посочува Гутереш, „е целосно неприфатлив“.

„Светот е сведок на хуманитарна катастрофа пред негови очи“, рече Гутереш, додавајќи дека повеќе од два милиони луѓе, подложени на немилосрдно бомбардирање, немаат каде да одат на безбедно и немаат пристап до храна, вода, засолниште и медицинска нега.

„Ги повторувам моите повици за итен хуманитарен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и доставување хуманитарна помош за жителите на Газа. Мораме да ги здружиме силите за да ставиме крај на кошмарот за луѓето од Гата, Израел и сите оние кои се погодени околу светот, вклучително и овде во Непал“, рече Гутереш, мислејќи на 10-те непалски студенти убиени во нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Генералниот секретар на ОН пристигна во четиридневна посета на Непал по разговорите во Катар, каде се сместени воените и политичките крила на Хамас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Гутереш: Украина има легитимна влада

А1он

(ВИДЕО) Израелците на улици по нападите на Газа: Нетанјаху се спасува себе си

ВИДЕО: Прекин на примирјето во Газа, над 320 мртви во израелските напади

Катерина Ѓуровски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка

Хамас го поздрави „повлекувањето на Трамп од идејата за раселување на Палестиците од Газа“