Сите студенти во САД ќе бидат вакцинирани до почетокот на 2022 година

Од:

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека студентите на последните години во САД ќе бидат вакцинирани до есен, додека нивните помлади колеги најверојатно ќе бидат вакцинирани на почетокот на 2022 година.

Тој изрази уверување дека Националните центри за контрола и превенција на болести „во следните неколку дена“ ќе одобрат олеснување на мерките за лицата кои се вакцинирани, но апелираше до 80 проценти од населението во САД кои сè уште чекаат да се вакцинираат, постојано да се придржуваат и да ги спроведуваат превентивните анти-епидемиски мерки.

– На добар пат сме, само треба да издржиме уште малку, рече Фаучи во интервју за телевизиската мрежа Си-Би-Ес.

Во САД секој ден во просек се вакцинираат околу 2,1 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Германец примил 87 вакцини против ковид