Сите руски регионални парламенти гласаа за уставни измени

Од:

Сите 85 руски регионални парламенти гласаа за уставните амандмани што ќе му овозможат на Владимир Путин повторно да се кандидира за претседател по истекот на неговиот актуелен мандат во 2024 година, изјави пратеникот Андреј Клишас.

Тој рече дека Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, ги примил резултатите од гласањето и за тоа ќе расправа на утрешната седница.

Потребни беа 57 регионални парламенти да се изјаснат во прилог на измените на Уставот за предлогот да се достави до Уставниот суд на разгледување.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот