Сите авиони во САД приземјени поради дефект на компутерскиот систем за следење летови

Од:

Сите авиони низ САД беа приземјени поради дефект во компјутерскиот систем за следење летови на Федералната управа за авијација.

Администрацијата преку Твитер објави дека работи на рестартирање на системот „НОТАМ“, што се користи за предупредување на пилотите за потенцијални опасности при лет.

„Вршиме завршни проверки и го рестартираме системот“, се вели во соопштението.

Според „Скај њуз“, денеска биле пријавени најмалку 500 одложувања, во или надвор од САД.

Незадоволните патници објавија на социјалните мрежи дека со часови седат на пистите во полни авиони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД