Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги предупреди светските сили дека исламски милитанти го пустошат Блискиот исток, „и тоа не смее да се дозволи“, бидејќи се закана за сечија безбедност, не само за безбедноста на арапските држави.
Сиси во телевизиски говор нагласи дека тој проблем се однесува на САД, Русија, Кина и Европа.
Американски безбедносни лица минатата недела проценија дека ирачките сили се подготвени да го одбранат Багдад, но ќе имаат потешкотии во повторното освојување загубени територии најмногу поради логистички слабости.
Сиси во својот говор не спомена директно калифат, кој го прогласи лидерот на ИДИЛ, но неговото споменување на „држави кои се уништуваат и делат во име на верата“ јасно се однесува на ситуацијата во Ирак и Сирија.