Сириските Курди го отфрлија турското барање за повлекување од базата Миниг

Од:

Партијата на сириските Курди, Демократската унија денеска го отфрли барањето на Анкара за повлекување на нејзините сили во воената база Миниг во северна Турција и од реоните околу неа, јави ТАСС.

– Ќе се спротивставиме на секој обид за турско навлегување во северна Сирија, изјави еден од лидерите на Демократската унија, Салех Муслим за телевизијата „Скај Њуз – Арабија“.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вчера побара од борците на Демократска унија „да се повлечат од териториите што ги зазедоа неодамна“.

Станува забир за воениот аеродром во градот Муниг, северно од градот Алепо и околните подрачја, кои силите на сириските Курди во средата ги презедоа од исламистичкиот Фронт ал Нусра, кој важи за огранок на Ал Каеда во Сиирја и чии припадници се борат против сириската Армија.

Турската армија вчера и денеска изврши напади врз силите на Демократската унија во северена Сирија, како мерка на притосок за повелкување од Миниг.

Турските сили денеска ја гранарираа базата Миниг и реонот околу местото Дејр Џамал, при што, според ТАСС, загинале неколкумина курдски борци, а над десет се ранети. Претходно, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека при овие напади загинале најмалку две лица,

Вчера турската армија ја нападна базара Миниг и реонот околу градот Азаз, кој се наоѓа на 10 километри од сириската граница со Турција.

Анкара ја смета Демократската унија за терористичка организација поврзана со Курдската работничка партија (ПКК).

Денешниот напад уследи и покрај синоќешните барања на САД, Турција „да прекине со нападите и со артилерискиот оган“ врз позициите на силите на сириските Курди.

– Загрижени сме поради состојбата северно од (градот) Алепо и работиме на деескалација на тензиите во сите правци, изјави доцна синоќа портпаролот на Стејт депертментот, Џон Кирби.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он