Сирискиот авион ја напушти Анкара, Русија демантира дека носел оружје

Од:

Сирискиот патнички авион одлета од аеродромот во Анкара, откако турски воени авиони го принудија во средата вечерта да слета, поради сомневање дека пренесува воена опрема за силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

„Авионот леташе на релација Москва – Дамаск, а беше пресретнат по информациите дека пренесува „нецивилен товар“, изјави турскиот министер за надворешни работи ахмет Давутоглу.

Турските власти објавија дека е запленет дел од товарот во авионот, но не е откриено за тоа станува збор.

Во меѓувреме руските власти демантираа дека во цивилниот авион на летот Москва-Дамаск имало оружје.

Доколку сакаше Русија да испрати оружје за Сирија тоа ќе беше сторено по претходно утврдена процедура, а не по нелегален пат, уште помалку да се користи за таа намена цивилен авион, изјави за Интерфакс висок претставник на руска институција која се занимава со извоз на оружје.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он