Сириски сили влегле во град во близина на границата со Турција

Од:

Сириски владини сили влегле во Тал Тамр, град во северниот дел на земјата во близина на границата со Турција, за да „се спротивстават на турската агресија“,објави сириска новинска агенција Сана.

Агенцијата не објави руги детали.

Жителите на Тал Тамр, кој се наоѓа на околу 20 километри од границата со Турција, го поздравија доаѓањето на сириските сили, јавија светските агенции.

Во извештаите не се наведува од која област дошла сириската армија во градот.

Курдската администрација во северна Сирија претходно објави дека е постигнат договор со Владата во Дамаск за распоредување на сириски трупи во близина на границата со Турција за да се одговори на офанзивата што ја спроведува Анкара.

– За да ја спречиме и да се спротивставиме на агресијата, постигнат е договор со сириската Влада според кој сириската армија може да се распореди долж сириско-турската граница за да им помогне на Сириските демократски сили (СДФ), објави курдската администрација на својот профил на Фејсбук.

Во соопштението Курдите наведуваат дека договорот со Дамаск „отвора пат за ослободување на другите сириски градови кои ги окупира турската армија, како Африн“.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел