Сириски министер го обвини Ердоган дека го тероризира сопствениот народ

Од:

Сирискиот министер за информирање Имран ал-Зохби денеска го обвини турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дека го „тероризира сопствениот народ“ и го повика да поднесе оставка.

– Барањата на турскиот народ не го оправдуваат ваквото насилство, а ако Ердоган не е способен да користи ненасилни методи, треба да поднесе оставка. Ердоган ја води својата земја на терористички начин, уништувајќи го општеството и достигнувањата на турските граѓани, изјави Зохби по масовните протести во Истанбул.

Тој додаде дека „фактот што ги задушува мирните демонстрации, покажува дека Ердоган ја изгубил врската со реалноста“ и оти „турскиот народ не заслужува такво варварство“.

Турската полиција вчера и денеска употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, кои се обидуваа да стигнат до главниот истанбулски плоштад Таксим.

Демонстрациите излегоа од контрола по интервенцијата на полицијата и прераснаа во антивладини протести и се проширија во неколку градови, меѓу кои и во Анкара.

Турските медиуми јавија дека во повеќе градови уапсени се околу 180 луѓе, а неколкумина се хоспитализирани поради здобиените повреди.

Демонстрантите во Истанбул се против реконструкција на паркот Гези на плоштадот Таксим, каде е предвидено да се гради трговски центар и да се реконструираат воени касарни од времето на Османлиската империја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години