Сириски бунтовници го преземаа најголемото нафтено поле од Исламската Држава

Од:

Сириските демократски сили, курдска бунтовничка група која соработува со САД во граѓанската војна во Сирија, денеска соопшти дека го освоила нафтеното поле Ал Омар. Ал Омар е најголемото нафтено поле во Сирија и се наоѓа во близина на градот Деир ез Зор, кое е последното урбано упориште на Исламската Држава.

Со распадот на линијата на фронотот на ИД, сите завојувани страни во Сирија брзаат да освојат што е можно повеќе територија од исламистите. Нафтеното поле произведуваше околу 10 проценти од сириската нафта пред војната, но производството запре во 2011 година, поради санкциите воведни врз Сирија. Полето го управуваше англо-холандската компанија Ројал Дач Шел. Исламската Држава се обидувала да извлече и продаде нафта од постројките, но поради американското бомбардирање во изминатите години полето сега е скоро неактивно.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години