Сириски бегалец на суд за набљудување на потенцијални цели за терористички напад

Од:

Сириец, кој согласно германските закони е идентификуван само со името и првата буква од презимето, се соочува со казна затвор од 10 години, доколку се потврдат наводите на обвинителството дека избирал цели за терористички напади што требало да бидат извршени од групата Исламска држава.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, 19-годишниот Шас Ал М., кому од вчера му се суди во специјално обезбедена судница што ја чуваат вооружени полицајци, е обвинет дека пред да дојде во Германија две годинни се борел во редовите на ИД во Сирија. Во Германија пристигнал во август 2015 година кога побарал азил.

Според јавното обвиннителство, Сириецот набљудувал и обележувал цели кои требало да бидат нападнати од ИД. Меѓу целите се плоштадот Александарплац, зградата на Рајхстагот и Бранденбуршката порта.

Сириецот се соочува со обвиненија и за обезбедуање оружје и храна за ИД, за учествуво во транспорт на борци во Сирија и за обезбедување и логистика за членови на ИД кои доаѓале во Германија.

Согласно германските закони, според кои на обвинети до 21 година не им се суди како на возрасни, на Шас Ал М., кој е во протвор од март минатата година, ќе му се суди како на малолетник, а за него во периодот од сега до април се закажани дури 25 судски рочишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори