Сириската опозиција го повика новиот папа Франциск да упати порака до земјата

Од:

Водечката сириска опозициска група Сирискиот национален совет денеска го повика новоизбраниот папа Франциск да „упати специјална порака“ до Сирија, земјата во која во граѓанската војна во изминатите две години погинаа повеќе од 70.000 лица, пренесува Танјуг.

-Нашиот народ се надева дека новиот папа, кој се залага за мир и љубов, ќе упати специјална порака до Сирија, која е колевка на цивилизацијата и средиште за различни религии во кое мирот и верата се флагрантно прекршени, порача Сирискиот национален совет.

-Човекот кој е избран е познат како познавач на човековото страдање и бранител на нивните права, а тоа е извор на радоста и надеж за нашиот народ, кој плаќа многу висока цена за својата слобода и достоинство, наведе сириската опозиција.

Христијаните сочинуваат околу пет отсто од населението во Сирија, во која мнозинството се од муслиманска вероисповед.

Многумина христијани се обидоа да останат неутрални во судирите во Сирија, додека некои застанаа на страната на претседателот Башар ал Асад од страв од исламистите во редовите на бунтовниците.

Сирискиот национален совет е најголемиот опозициски блок во Националната коалиција која е призната од повеќето арапски и западни влади како единствен легитимен претставник на сирискиот народ.

Би можело да ве интересира

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски