Сириската курдска Партија за демократско единство демантира дека е одговорна за нападот во Анкара

Од:

Шефот на курдската Партија за демократско единство (PYD) вo Сирија Салех Муслим, денеска ги отфрли обвинувањата од Турција дека неговата група е вмешана во бомбашкиот напад во Анкара, во кој загинаа 28 лица, јави Танјуг.

– Демантираме дека на било кој начин сме вмешани во овој напад, рече Муслим, откако турскиот премиер Ахмет Давутоглу го обвини военото крило на неговата партија дека го извела нападот во соработка со Курдската работничка партија (ПКК).

Давутоглу на новинарите во Анкара им кажа дека бомбашкиот напад го извел сирискиот државјанин Салих Неџар и дека девет лица се уапсени.

-Никогаш не сме слушнале за лицето Салих Неџар. Тие обвинувања се јасно поврзани со обидите на Турција да интервенира во Сирија, рече Муслим, а пренесуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Oџалан: Отворен сум за преговори со владата

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години