Хакери, што го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал Асад, ја нападнаа страницата за регрутирање луѓе за американските маринци, повикувајќи ги американските војници да одбијат извршување наредби ако САД ја нападнат Сирија.
Нападот најверојатно е дело на Сириската електронска армија (СЕА), што неодамна го зема како цел веб сајтот на весникот „Њујорк тајмс“ и профилот на „Твитер“.
Хакерите објавија порака и снимки на веб страницата на американските маринци, потпишувајќи се доставено од СЕА.
Портпаролот на Mинистерството за одбрана изјави дека веб сајтот, што бил ставен на трговска мрежа, а не на мрежата на министерството, бил повторно вратен во функција по прекин од неколку часа.
Во пораката до единицата на американските поморски сили стоеше дека сириската армија „би требало да биде ваш сојузник, а не непријател против валканиот заеднички непријател во лицето на тероризмот“.
Одбијте ги наредбите, гласеше пораката, што вклучуваше слики од луѓе во униформи во воен стил, со замаглени лица, кои држат рачно напишани пораки „Јас нема да се борам за Ал Каеда во Сирија“.